Свет

Берлускони се повреди позирајќи за селфи, примен е во болница

22. ноември 2019 - 19:44 | А.С.

Силвио Берлускони се здобил со полесни повреди во инцидент за време на неговата посета на Хрватска.

Лидерот на партијата Форца Италија присуствуваше на конгресот на Европската народна партија во Загреб, каде некој побарал да направи селфи со него.

Берлускони се согласил, но додека го правеле селфито паднал и го нагмечил колкот, објави Corriere della Sera.

Веднаш по враќањето во Италија, денеска бил примен во болницата La Madonnina во Милано каде веднаш му била пружена лекарска помош.

При прегледот не била утврдена никаква фрактура, туку само хематом на колкот, соопшти неговиот ПР тим.

Берлускони (83) неколку дена ќе остане под будното око на лекарите во болницата.

Партијата денеска преку соопштение ги демантираше гласините дека тој требало итно да биде транспортиран од Загреб до Милано заради падот.

Берлускони изминативе години имаше неколку здравствени проблеми. Во 2016 година правеше операција на срцето, а годинава два пати правеше оперција, едната поради опструкција на цревата.

Коментирај