Фудбал

Берлускони се враќа во фудбалскиот бизнис

25. септември 2018 - 20:05 | МИА

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, се согласи целосно да го купи третолигашот Монца.

Адријано Галијани, долгогодишен прв асистент на бизнисменот, ќе биде извршен директор на „бјанкоросите“.

Преговорите помеѓу Берлускони и актуелниот шеф на Монца, Никола Коломбо, се одржуваа со недели, а се сметаше дека договорот ќе биде за 70 отсто од акциите.

Според новите информации, Коломбо ќе остане претседател на Монца, но клубот ќе биде во сопственост на „Фининвест“.

Берлускони ќе плати околу три милиони евра за да го преземе управувањето со стадионот „Бриантео“.

Коментирај