Берлускони со совет до новинарка на BBC: Не стискај толку, никој нема да сака да се ожени со тебе

Колку политички интервјуа завршиле со ракување? Сигурно сите. Но само на интервју со Силвио Берлускони на крај ќе добиете совет за вашиот личен живот.

Поранешниот италијански премиер кој прави стратешки потези за враќање на политичката сцена, ѝ даде совет на новинарка на BBC што младата жена не го побара.

Откако се ракуваше со неа, Берлускони ѝ рече: „Не стискај толку кога се поздравуваш. Инаку мажот ќе си помисли ‘Оваа ќе ме истепа’ и така никој нема да сака да се ожени со тебе.“

Разговорот не заврши тука.

„Омажена си? Не? Ете гледаш!“, продолжува Берлускони, а новинарката му вели „Нели цврст стисок при поздравување е добра одлика?“

На тоа Берлускони ѝ одговори:

„Не стискај толку многу. Кој ќе те ожени вака? Се шегувам, мора да се пошегуваме одвреме-навреме.“

Берлускони има забрана за вршење јавна функција откако беше осуден за даночна измама, но тоа не го спречува во обидите да се врати во политичката елита во Италија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе