Беше забавно додека траеше: Усеин Болт стави крај на фудбалската кариера

Госфорд, 22 јануари 2019 (МИА) – Најбрзиот човек на планетата, Усeин Болт изненадувачки стави крај на неговата фудбалска кариера. Осумкратниот освојувач на златен медал од Олимписките игри лично ја објави својата одлука да сопре со својот втор омилен спорт – фудбалот, дури и пред да ја започне својата професионална кариера.

Како што е познато, легендарниот спринтер одигра неколку средби за австралиски Централ коуст Маринерс, а постигна и два гола во контролen меч. Двете страни долго време преговараа, но финансиските барања на Болт беа премногу големи, а австралискиот клуб одби да му го плати бараниот износ.

„Не сакам да навлегувам во подборности, но мислам дека пристапив малку погрешно кон овој предизвик. Си ги научив лекциите од овој неверојатен предизвик. Се чувствував одлично во соблекувалната на професионален тим. Беше забавно додека траеше“, рече Болт за ESPN.

Спринтерот се откажува од фудбалот, иако помина тестови во Борусија Дортмунд, Мамелади Сандаунс, Стромгодсет, а освен тоа имаше понуда за 2-годишен договор од малтешкиот шампион Валета.

За време на обидот да стане фудбалер, тој доби многу критики од различни играчи, тренери и експерти, но поддршка му беше укажана од Пол Погба и Рахим Стерлинг.

„Зборував со Погба и Стерлинг, тие ме поддржаа и рекоа дека се радуваат дека се обидувам. Нема да се плашам од тоа дека некои ме критикуваа. Сакав да се обидам. Тоа беше мојот сон и се радувам што го направив“, рече Болт пред Mirror.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе