Живот

Бесплатен интернет, кабини за дремење и пивница на најдобриот аеродром во Европа

20. март 2017 - 9:18 | А.С.

Познато е дека меѓународниот аеродром Чанги во Сингапур е прогласен за најдобар на светот бидејќи има бесплатно кино, базен, компјутерски конзоли за видеоигри, како и бесплатен интернет и бројни други занимации. Оваа титула во Европа ја носи меѓународниот аеродром Минхен.

Иако е на четврто место во светски рамки, во Европа е прогласуван за најдобар во изминатите 12 години. Еве зошто:

1. Има сопствена пивница

Освен пиво од аеродромската пивница, ќе добиете и колбаси со кисела зелка додека ве забавува бенд во живо. Само да не го сретнете пилотот на вашиот лет во пивницата пред полетување.

2. Летовите се точни

Според мерењата на OAG.com, Минхен е еден од најточните аеродроми на светот кога станува збор за летови. Точно 87,71 отсто од полетувања и слетувањата на Минхен биле на време.

3. Бесплатно Wi-Fi

На повеќето аеродроми интернетот се наплаќа или е бесплатен во првите 15-20 минути, додека во посовремените во првите 90 минути. Аеродромот Минхен има воведено бесплатно користење на интернетот нон-стоп од 2014 година.

4. Има базен за сурфањe

Овој аеродром беше домаќин на најголемиот вештачки бран за сурфање во октомври минатата година. Еднаш годишно посетителите може да ги покажат своите сурферски вештини.

5. Голем тобоган и терен за миниголф

Во својот комплекс аеродромот содржи и терен за миниголф и тобоган, а во иднина се планира проширување на игралиштето со пет забавни зони: Африка, Азија, Европа, Северна и Јужна Америка.

6. Добро е поврзан

Со воз ќе ви требаат само 4о минути да стигнете од центарот на градот до аеродромот. Возот сообраќа на секои 10 минути, а картата чини 8,80 евра.

7. Кабини за дремење Napcab

Ако сакате приватност или да отспиете на кратко, може да ги користите кабините за дремење што чинат 10 евра за еден час. Во секоја кабина има кревет, масичка и сами може да си изберете музика.

Коментирај