Интернет

Бесплатен интернет за сите: Елон Маск вети и подготвен е да го исполни ветувањето

19. јуни 2019 - 19:31 | К.З.

Еден од најбогатите претприемачи и најпознатите луѓе во светот, Елон Маск, секогаш делува под максимата „Мисли глобално, делувај локално“. Истата таа мотивација го натера да вети дека ќе обезбеди безжичен интернет за сите луѓе на светот.

Често критикуван поради контроверзното однесување и повремените испади, Маск е еден од најголемите иноватори кои живеат на Земјата и генијален бизнисмен.

Идејата на која Маск е силно фокусиран е обезбедување на бесплатен Wi-Fi интернет за сите луѓе на светот. Инспириран од неговиот најголем идол Никола Тесла, кој прв замисли свет во кој непрекинато и непречено ќе кружи енергија низ просторот, Елон не се откажува од намерата да ја материјализира оваа идеја.

Проектот на Маск подразбира испраќање на моќни сателити во вселената, и тоа не само неколку, туку точно 4.425 сателити, чија вредност се проценува на дури 10 милијарди долари.

Проблемот е во тоа што конкурентите на Tesla и SpaceX се силни противници на оваа идеја, од многу јасно причини. За големите корпорации кои го обезбедуваат интернетот ширум светот, бесплатниот безжичен би значел крај на нивниот најголем извор на пари. Тие се залагаат за такво решение, во кое дури и во случај на реализација на овој план, некој од нив ќе добие улога како „носител на проектот“ и ќе ги собира парите на клиентите.

Слични обиди за релизација на таква идеја имаа Google и Facebook, но безуспешно. Сепак, Маск не се откажува и е убеден дека ќе успее да лансира повеќе сателити за да ја испроба технологијата и нејзиниот учинок.

Критичарите на оваа идеја нагласија дека лансирањето на 4.000 сателити истовремено можат да имаат сериозни негативни последици на животната средина. Исто така, според проценките на НАСА, во овој момент во орбитата на нашата планета летаат околу 2.600 нефункционални сателити и постојат огромни шанси дека сателитите на SpaceX би можеле да се судрат со нив и да се срушат на Земјата.

Идејата и понатаму изгледа многу примамливо, но милијардерите и корпорациите би требало сериозно да размислат дали ќе ѝ дадат приоритет на неа во однос на многу поголеми проблеми како решавање на климатските промени или елиминирање на гладот во светот.

Коментирај