УЕФА Ж ЛИГА НА НАЦИИ 2025

Бесплатен влез за натпреварот Македонија - Косово в петок

Филип Здравески
/ 19.02.2025 / 14:45

Македонската женска репрезентација в петок го пречекува Косово во првиот натпреварб од новата сезона во Лигата на нации на УЕФА, а ФФМ донесе паметна одлука - влезот да биде бесплатен за љубителите на фудбалот.

Од дуелот Македонија - Молдавија во мај 2024; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

В петок од 14:00 часот на еден од терените на Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче репрезентацијата на Македонија ќе ги пречека фудбалерките на Косово со надеж дека новата сезона во Лигата на нации - Лица Ц ќе ја отвори со победа.

Денеска Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да не се наплаќа влез, туку влезот да биде бесплатен за што повеќе љубители на фудбалот да дојдат на стадион и да им дадат поддршка на девојките.

Одличен и паметен потег на ФФМ, со оглед на тоа што потребна е популаризација на женскиот фудбал во државава, а секако касата на ФФМ нема да се збогати со продадени едвај стотина билети, колку што беше посетата досега кога старото раководство продаваше карти за женски фудбал.

На фудбалерките и тоа како ќе им биде потребна што поголема поддршка, со оглед на фактот што капитенката и нашпа најдобра фудбалерка, Наташа Андонова, поради повреда нема да биде во комбинација. Селекторот Александар Андов во понеделникот го објави составот. Правдата ќе ја дели Емили Торкелсен од Норвешка.

Воедно, влезница нема да се наплаќа ниту за натпреварите на женската репрезентација до 19 години за натпреварите против Босна и Херцеговина на 23 и 25 март.

реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Фудбал

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе