Бесплатна пица за секој гол на Буфон

Париз, 19 септември 2018 (МИА) – Два ресторана во француската престолнина објавија необична акција, која е малку веројатно да биде одобрена од љубителите на фудбалот. Според „Л’Екип“ рестораните објавија дека ќе им понудат на своите посетители бесплатна пица за секој гол постигнат од голманот на ПСЖ Џанлуиџи Буфон.

Иако на фудбалските натпревари неретко се случува голман да се запише во листата на стрелците, за Буфон тоа не важи. Италијанецот во текот на неговата кариера одиграл 879 натпревари и на ниеден од нив не постигнал гол.

40-годишниот Буфон не ја погодил целта ниту во дресот на Парма, ниту во Јувентус, а немал можност да биде стрелец ниту за време на настапите на италијанските селекции почнувајќи од У-16 па се до сениорската.

Можеби, Џиџи во дресот на ПСЖ ќе реализира ако му дозволат да изведе некој пенал, слободен удар, или евентуално при прекин во последните минути кога често сме сведоци како голманите се селат во противничкиот шеснаесетник. 

Истите ресторани, слично се пошегуваа за време на Светското првенство најавувајќи дека ќе ги почестат сите посетители со бесплатен ручек за секоја победа на италијанскиот тим. Италијанците, воопшто не се пласираа на Мундијалот. Оваа шега погоди многу фанови, а еден од рекламните банери во ресторанот насилно беше симнат.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе