Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Скопје, 20 март 2019 (МИА) – Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

„Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус“, рече министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги.

„Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци“, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и по прифатливи цени.

Во светот 1,7 милијарди од населението немаат пристап до банкарски систем, а податоците кај нас покажуваат дека 77 отсто од возрасното население поседува трансакциска сметка, што е сосема споредливо со просекот за Европа од околу 82 отсто.

„Иако се забележува солидна финансиска вклученост од аспект на поседување трансакциска сметка сепак повеќе други показатели упатуваат на позначителен јаз: само 17 отсто и 53 отсто од населението поседуваат кредитни и дебитни картички, наспроти европскиот просек од 35 отсто и 71 отсто, соодветно, само 37 отсто од населението ги користат картичките за купопродажни трансакции, што е двојно помалку од европскиот просек 63 отсто само 12 отсто од населението користат електронски пристап до сметки, а интернет-трансакции прават само 17 отсто од граѓаните, што е двојно помалку од просекот во ЕУ“, рече гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Потенцира дека потребата од поголема финансиска писменост е особено нагласена во услови на силен раст на финтек-индустријата.

„Впрочем една од главните предности што ги носи овој нов бран финансиски иновации е токму полесниот пристап до нови, поконкурентни финансиски производи или форми на финансирање на населението и малите претпријатија, како дополнителни извори на финансирање на економскиот раст. Сепак, покрај бројните придобивки, овој бран иновации со себе носи и нови предизвици, како за регулаторите, така и за финансиските институции, но и за клиентите“, истакна гувернерката.

Според Нора Алити, претседател на Комисијата за хартии од вредност, финансиската едукација е важна бидејќи доколку потенцијалниот инвеститор не е едуциран сигурно е дека нема да може да ги искористат без разлика дали е развиен или неразвиен пазарот на капитал.

Придобивките од финансиската инклузија, како што беше посочено, се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги.

Новиот, проширен меморандум, во кој се вклучени Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, се потпишува во пресрет на Глобалната недела на парите, во која се планирани повеќе активности со кои се сака да се зајакне свеста за потребата од финансиската едукација и да се промовираат предностите од поголема финансиска вклученост.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more
 

Вести

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе