Култура

Бесплатни филмови во Кинотека за посетителите со велосипед

26. март 2019 - 11:06 | МИА

Од понеделник, 1 април, секој посетител на Кинотека на Северна Македонија во Скопје кој ќе дојде со велосипед ќе добие бесплатна влезница за филмот што тој ден ќе се прикажува.

Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните за грижа и чување на животната средина.

Акцијата ќе трае до крајот на април, а потоа велосипедистите ќе  плаќаат  50 отсто од цената на влезницата.

Коментирај