Бетмен конечно го доби својот Ридлер

Режисерот на најновиот филм за Бетмен, Мет Ривс, конечно го најде актерот кој ќе го игра ликот на негативецот Ридлер.

Пол Дано официјално се приклучува на актерската екипа, откако Џона Хил ги прекина преговорите за улогата на негативецот во „The Batman“.

Веста следува откако беше соопштено дека Зои Кравиц ја добила улогата на Селина Кајл, односно Жената-мачка, во најновиот филм за Бетмен што ќе го режира Мет Ривс, со Роберт Патинсон како суперхеројот од Готам Сити.

Ликот на Дано во новиот филм ќе се вика Едвард Нештон. Овој лик ѝ е познат на филмската публика од филмот „Batman Forever“ од 1995 година кога го играше Џим Кери, во режија на Џоел Шумахер.

Дано неодамна беше номиниран за награда Еми за улогата во серијата „Escape at Dannemora“, а беше режисер, косценарист и продуцент на филмот „Wildlife“ од 2018 година за кој доби одлични критики.

Играл во „Love and Mercy“, „Prisoners“, „12 Years a Slave“, „There Will Be Blood“, „Little Miss Sunshine“ и други.

Подготовките за снимањето на „The Batman“, што е во продукција на Warner Bros.- DC Comics, почнаа летово, а со снимање се очекува да се почне пред крајот на годинава или во почетокот на 2020 година.

„The Batman“ ќе има кинопремиера на 25 јуни, 2021 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе