Beverly Hills не е тоа што беше, публиката разочарана

Емитувањето на првата сезона од продолжението на култната серија Beverly Hills предизвика измешани и поделени мислења на публиката.

Љубителите на култната серија од 90-тите конечно имаа можност повторно да ги евоцираат спомените од пред повеќе од дваесетина години по емитувањето на првата сезона од новата сезона на популарната BH90210. Деветнаесет години по прекинувањето на серијата, истите глумци, прилично остарени, се собраа да пробаат една нова авантура. Но, без Лук Пери, кој почина во март годинава од мозочен удар.

Сепак, приказната разочара многумина бидејќи всушност не се работи за класично продолжение, туку мешање на реалноста и фикцијата. Актерите не ги глумат ликовите од оригиналната серија туку се глумат самите себе. На пример, Шенон Доерти не е Бренда Волш туку е Шенон Доерти, но не вистинската Шенон туку некоја друга со ист лик и исто име и презиме.

Тоа предизвика забуна кај многумина кои гледајќи ги глумците всушност ги гледаат омилените ликови како Кели, Брендон, Дона, Стив, а сепак тоа не се тие.

Лажната реалност во која актерите се глумат себеси е толку чудна што гледачите не знаат што гледаат. На пример, Брајан Остин Грин се глуми себеси наместо Дејвид, но наместо да е оженет за Меган Фокс, како што е во вистинскиот живот, тој во серијата е оженет за измислената R&B ѕвезда Шеј.

На страна што серијата не знае што публиката сака, се чини дека не се знае ни што навистина е. Недостасува хумор за да биде комедија како што и е најавена.

Ликовите се копија на Мет ЛеБланк во Episodes каде ѕвездата на Friends се глуми самиот себе, но во фиктивна реалност.

Се чини Fox непотребно го искомплицира продолжението кои можеше да биде хит доколку сѐ беше по старо. Ако е некаква утеха, барем најавната шпица ги оправда очекувањата.

Дали би ја гледале новата сезона и доколку веќе ја погледнавте, кое е вашето мислење?

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе