Кошарка

Без Дурент - без проблем: Голден Стејт триумфираше против Портланд

15. мај 2019 - 10:52 | К.З.

Тимот на Портланд Трејл Блејзерс се најдоброто изненадување во плејофот оваа година – тие стигнаа до конференциското финале иако беа аутсајдери во претходните две рунди. Но, ниту еден од претходните два тима не го поседува квалитетот на Вориорс, а посебно не квалитетот на Стеф Кари.

Актуелниот шампион без поголеми проблеми го одбрани домашниот терен и му нанесе пораз од 116:94 на Портланд Трејл Блејзерс.

Навивачите на Вориорс брзо ќе ја заборават повредата на Кевин Дурент доколку Стеф Кари и друштвото продолжат да играат во ова темпо. Двократниот МВП синоќа погоди 9 тројки од 15 обиди и ја заврши вечерта со 36 поени, 6 скока и 7 асистенции. Клеј Томпсон постигна 26 поени, а Дрејмонд Грин додаде 12 поени и 10 скока за конечна победа на Голден Стејт.

Играчите на Портланд Трејл Блејзерс, посебно двојката од бековската постава, заслужуваат само честитки за играта во плејофот оваа сезона. Иако се соочија со минимални шанси за напредок до финалето на Западот, сепак овие кошаркари покажаа херојска игра и сега се онаму каде што посакуваа. Синоќа Демијан Лилард постигна 19, а Си Џеј Меккалум имаше 17 поени, додека Енес Кантер забележа дабл-дабл со 10 поени и 16 скока.

Следниот натпревар е закажан за два дена отсега.

Коментирај