УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Без капитенот Ристовски во Лига на нации, Милевски оптимист за прво место

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација денеска одржа прес-конференција на која откри две дополнителни откажувања, но и најави атак на првото место во групата од новата сезона на Лигата на нации.

Фото: ФФМ

Во понеделникот селекторот Благоја Милевски објави список од 28 играчи, но сега се соочи со дополнителни откажувања во капитенот Ристовски и играчот од средниот ред Ракип.

„Поради повреда на стопалото капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото“.

Капитенот Стефан Ристовски; Фото: ФФМ

Македонија отвора со тешко гостување кај Бугарија, натпревар кој се очекува да биде не само фудбалски, туки и политички, поради затегнатите односи на двете држави поради бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и неразумните барања од официјална Софија до македонската Влада. Во интервјуто кое Кајгана го имаше со селекторот Милевски, тој најави дека политичката ситуација не го задира националниот тим и дека фудбалерите растеретени ќе истрчаат на теренот во Разград.

„Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Нѐ чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири“.

Македонија на 2 јуни игра на гости кај Бугарија, потоа на 5-ти гостува кај Гибралтар, на 9-ти ја пречекуваме Грузија, а јунскиот прозорец го завршуваме дома со Гибралтар на 12-ти.

„Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици“.

Од моментално повиканите во составот на Милевски има дури 7 фудбалери кои немаат дебитирано во националниот дрес, а тие се Дејан Илиев, Никола Серафимов, Тодор Тодороски, Бојан Димоски, Енис Фазлагиќ, Томче Гроздановски и Валон Етеми. Дел од нив веќе некое време се во репрезентацијата (Илиев, Серафимов, Тодороски и Етеми). Селекторот најави дека сега сите ќе добјат шанса.

„Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕУРО 2024. Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока“.

Репрезентацијата од синоќа почна да се екипира во хотелот „Хилтон“, а со тренинзи започнува денеска од 18 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе