Без конзерванси: Шарена салата, идеална за зимските денови

Мешана или шарена салата која не е тешко да ја подготвите, а ќе ви дојде како добро освежување во зимските денови.

Важно е да одберете свеж и здрав зеленчук. Салатата се прави без конзерванси.

Потребни состојки:

-2 кг краставици

-2 кг карфиол

-2 кг жолта пиперка

-1 кг црвена пиперка

-1 кг морков

-0,2 л оцет

-10 л вода

-250 г шеќер

-250 г сол

-бибер во зрно

-ловоров лист

Начин на подготовка:

Зеленчукот измијте го добро, па исчистете го. Исчистен и измиен, добро исцедете го, а потоа исечете на тркалца или ленти, може и рендан, по желба. Може и да комбинирате.

Во добро измиени и исушени тегли редете го зеленчукот, не го стискајте. Добро наполнете ги теглите и во секоја додадете ловоров лист и бибер во зрно.

Измешајте ја водата со шеќерот, солта и оцетот и сварете ја. Додека преливот е уште врел, истурете врз зеленчукот во теглите. Полнете ги теглите и затворајте ги. Долевајте постепено вода за да не пукнат теглите. Водата треба да го прекрие зеленчукот.

Теглите добро затворете ги и ставете ги во рерна загреана на 100 степени. По половина час исклучете ја рерната, но не ја отворајте. Оставете теглите целосно да се оладат, не само рерната туку и теглите.

Чувајте ја салатата на студено и темно место.

Тагови
реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Дали треба да ја пиете водата што отстоила преку ноќ во чаша?

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Јавноста незадоволна од статуата на покојниот пејач: Ако ова е Тоше...

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Пита со јаболка и суво грозје

Read more

Неколку совети како да подготвите вкусно јунешко месо

Read more

Пилешко во сос од домати - како пица

Read more

Направете ручек со само три состојки

Read more
 

Магазин

Уапсен по грешка: Пакистански таксист ослободен од Гвантанамо по 17 години тортура

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува со белите дробови откако ќе престанете со пушење?

Читај повеќе

Што најмногу сакаат мажите да слушаат за време на сексот?

Читај повеќе

Десерт на денот: Пита со јаболка и суво грозје

Читај повеќе

Шест вежби кои се добри за мозокот

Читај повеќе

Неколку совети како да подготвите вкусно јунешко месо

Читај повеќе
  • filter

Оптичка илузија ја „пресече“ Големата пирамида во Гиза

Читај повеќе

Што ќе се случи на нашето тело ако се тушираме само со вода?

Читај повеќе
  • play_arrow

30 дена студен туш - како ќе реагира телото?

Читај повеќе