Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Капиштец утрово се без парно греење.

Од „ЕСМ снабдување со топлина“ информираа дека, поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа, е намалена испораката на топлинска енергија.
„Екипите на ‘Дистрибуција на топлина’ се на терен и активно работат на изолирање на проблемот со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовното снабдување со топлина до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.