Без печење: Десертот со бисквити и јаболка е многу едноставен и вкусен

Колачите во кои се користат бисквити како основа се многу практични, а во исто време се и многу вкусни. Затоа, доколку сте љубители на јаболка, задолжително пробајте го овој едноставен десерт.

Рецептот го најдовме на Instagram профилот на фудблогерката Наталија Милодановиќ, која за оваа торта користела тавче од 30х20 сантиметри.

Потребни состојки:

  • 300 гр бисквити
  • 700 гр рендани јаболка
  • сок од половина лимон
  • 500 мл вода
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 1 лажичка цимет
  • шлаг и млеко/вода (или слатка павлака за шлаг)
  • цимет

Подготовка:

Измијте, излупете и изрендајте ги јаболката. Треба да имате приближно 700 гр рендани јаболка. Ставете ги во тавче и прелијте со 300 мл вода, сок од половина лимон, кесичка ванилин шеќер и обичен шеќер. Гответе околу 10 минути на средна температура за малку да омекнат јаболката.

Во 200 мл вода измешајте го пудингот од ванила и варете заедно со јаболката. Вратете на шпорет и варете уште неколку минути за да се згусне пудингот. На крајот измешајте го циметот. Оставете ја смесата некое време да се излади.

Во тавче или калап ставете ред бисквити, па ставете половина од смесата од јаболка и пудинг и израмнете. Повторно наредете ред бисквити и премачкајте го остатокот од смесата. Оставете го колачот да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер. Подоцна изматете го шлагот со млеко/вода или едноставно изматете ја слатката павлака и премачкајте над изладениот колач.

На крајот украсете со цимет.

Тагови
реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Есенска крем супа од печурки и зеленчук

Read more

Не фрлајте ги остатоците од зготвен ориз - подгответе вкусно јадење

Read more

Рецепт на денот: Индиска салата со пилешко

Read more

Гулаш од вргањ во бешамел сос

Read more
 

Магазин

Што треба да јадете за слабеење ако имате над 40 години?

Читај повеќе

Три знаци во ушите кои можe да сигнализираат смртоносна болест

Читај повеќе

Како шетањето во природа може да ви помогне да се откажете од пушењето?

Читај повеќе

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Читај повеќе

Зошто почнуваме да си личиме со партнерот по некое време во врска?

Читај повеќе

Како да го намалите бројот на калории во вашите омилени јадења?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Есенска крем супа од печурки и зеленчук

Читај повеќе

Два рани знаци кои може да укажуваат на срцев удар

Читај повеќе

Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите

Читај повеќе