Поради дефект на затварач од Ф 80 на улица Кеј 13 Ноември, во текот на денешниот ден прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од плоштадот до „Холидеј Ин“ во Скопје.
– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:50 часот до завршување со активностите, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.
Додаваат дека и во текот на викендот односно во недела поради санирање на два дефекта на затварачи од Ф-300 мм на ул. „Св. Кирил и Методиј“ (до Мисија на Европската Унија) во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улиците ул. „Мајка Тереза“, ул. „Шарски Одреди“, од ул. „Св. Кирил и Методиј“, ул. „Даме Груев“, ул. „Димитрие Чуповски“ и ул. „Св. Климент Охридски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со активностите.