Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Генералното Собрание на Обединетите нации пред три недели ја усвои Стокхолмската декларација со која ограничувањето од 30 км/ч го препорачува како максимално секаде каде што ранливите учесници се мешаат со возилата.

Граѓанската иницијатива На точак, група ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје преку активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство, се огласи по ова прашање и потсети дека „е време да го промениме и нашиот Закон за безбедност во сообраќајот“.

„Во превод, тоа значи дека ‘дифолтното’ ограничување во населени места не треба да биде веќе 50 км/ч, туку 30 км/ч за сите улици, а да добијат можност за 50 км/ч само оние улици кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска и колска инфраструктура. Не да се тргнува од 50 км/ч дифолтно, па да се бориме некои улици да бидат со 30 км/ч, туку да се тргне од 30 км/ч, па да видиме кои улици заслужуваат 50 км/ч. Многу логично!“, велат од #НаТочак.

Ова е дел од активностите во втората декада за Акција за безбедност во сообраќајот на Обединетите нации и целите за намалување на смртните случаи за 50% до 2030 година. Покрај намалувањето на смртните случаи, со оваа мерка се очекува да се постигнат и другите цели на одржливост, да се намали загадувањето, да се намали ефектот на климатските промени, да се намали бучавата и да се подобри квалитетот на живот во населените места.

Некои градови, како Париз, Лондон, Хелсинки, самостојно имаат донесено ваков стандард (цел град е Зона 30 освен главните артерии), а и некои држави, како Велс веќе подготвуваат ваков национален стандард во нивните регулативи, потсетуваат велосипедските активисти.

Сличен предлог групата На Точак достави минатата година до Град Скопје, во кој, меѓу другото бара новиот ГУП да се постави на сосема поинакви цели и планска програма, да не се планира за зголемен, туку за намален процент на автомобилизација.

„Да се прави планирање за посакувана иднина (помало користење автомобили и поголемо користење на одржлив транспорт), а не реагирање на постојни тенденции (зголемување на користењето на автомобилот). Секторот за планирање да планира, а не да реагира.

Сообраќајниот систем да се планира по превртената сообраќајна пирамида каде пешачењето е на врвот, второ е возењето велосипед, трет е системот на јавен превоз, потоа е доставата и на крај е индивидуалниот автомобилски превоз.

Исто така, ГУП-от мора да се погрижи за добра размена-интермодалност меѓу сите начини на превоз“, стои во дописот до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата.

Во третата точка, „Нула жртви од сообраќај во Скопје“, стои:

„Со оглед на најновите сознанија за безбедноста и пристапот Визија нула со кој одговорноста се става на системот и повеќе на инфраструктурата отколку на индивидуата, бараме и Скопје да донесе своја ‘Визија нула’ поточно визија за нула жртви во сообраќај, поточно стратегија за системски промени за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Во таа насока, а по примерот на Париз, Лондон итн. бараме во Скопје за стандардна брзина да се изгласа 30 км/ч. За повисоки брзини, улицата да мора ‘да заслужи’. Да се смени пристапот од досегашниот каде 50 км/ч е стандардна брзина, а за пониски брзини, зони Школо итн. да треба да се борат граѓаните.

50 км/ч е брзина која е безбедна само кога се целосно физички издвоени пешачкиот, велосипедскиот и автомобилскиот сообраќај, што значи би била дозволена само на некои (не сите) улици од примарната мрежа кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска инфраструктура.

40 км/ч да може да се дозволи на оние улици кои имаат издвоена пешачка инфраструктура, а велосипедските ленти се на коловоз.

30 км/ч да биде стандардна брзина за најголем дел од мрежата (станбени улици) која има издвоена пешачка инфраструктура (тротоари), но нема простор за посебни велосипедски патеки и ленти. Се смета дека автомобилите и велосипедите може безбедно да коегзистираат во простор каде ограничувањето е 30 км/ч. За оваа мрежа да е целосно безбедна, побаравме измени на законската регулатива со кои на станбени улици и улици од пониска категорија ќе се дозволи возење велосипед на средина на коловозната лента, за што се надеваме дека ќе добиеме и поддршка од Градот. На тој начин би добиле стотици километри пријателска мрежа за велосипеди низ Градот само со соодветни означувања.“

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Авто новости

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Read more
 

Автомобили

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе

VW Passat добива четири нови мотори, еден е особено интересен

Читај повеќе