Безос организира конференција за вештачка интелигенција и сите се поканети

Изминативе неколку години, главниот извршен директор на Amazon Џеф Безос одржуваше ексклузивен настан за кој покани добиваа само милијардери, астронаути и експерти за роботика кои се дружеа и муабетеа за иднината на технолошкиот свет додека грицкаа скапи ордевери.

Сега годишниот настан се претвора во јавна конференција на која ќе се присвои оптимистичка визија за научните откритија и ќе содржи работилници, говори и демо презентации за истражување на вселената и напредување во вештачката интелигенција.

„Сега сме на почетокот на златното доба за вештачката интелигенција“, вели Безос во соопштението за медиумите.

„Неодамнешните откритија веќе доведоа до изуми што претходно постоеја само во научната фантастика, ова е само почетокот на она што може да го направиме.“

Новиот настан, отворен за јавноста, ќе се одржи во Лас Вегас од 4 до 7 јуни.

Претходната, полутајна конференција позната како MARS (Machine learning, Automation, Robotics, and Space) и новиот настан, како „продолжение“ на првиот, сега се наречени re:MARS.

Настанот најверојатно ќе биде максимално искористен од Amazon за полирање на сопствената репутација, но ќе има и јасен, практичен бизнис фокус.

Безос вели дека на настанот ќе се спојат „лидери и градители“ за „споделување знаења и разгорување нови идеи за идни иновации“, а во соопштението се вели дека присутните ќе може да научат како вештачката интелигенција може „да ја подобри ефикасноста на бизнисот, да ги олесни операциите и да ја подобри автоматизацијата“.

Не е познато дали други технолошки гиганти кои имаат слични амбиции во полето на вештачката интелигенција, како  Google, Facebook и Tencent, би присуствувале на настанот.

Заинтересираните може се пријават ТУКА.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе