Најбогатиот човек во светот, американскиот бизнисмен Џеф Безос, основач на компанијата Amazon, стана побогат за 13 милијарди долари за само 15 минути, објави Bloomberg.
Ова се случи откако синоќа акциите на компанијата Amazon нагло пораснаа за 12 отсто, до 2.100 долари за акција.
Според набљудувачите, растот на акциите е одраз на успешниот финансиски отчет за дејноста на компанијата во изминатиот квартал, кој „ги направи парампарче“, очекувањата на аналитичарите. На пример, кварталниот приход на Amazon изнесува 87,4 милијади долари, а приходот за една акција е 6,47 долари, иако експертите очекуваа тој да биде 4,11 долари.
Се соопштува дека поради растот на овие цени вредноста на имотот на Безос, кој владее со 12 отсто од акциите на Amazon, порасна до 129,5 милијарди долари.
Во индексот Bloomberg милијардери на оваа агенција, промените на состојбата на богатството на Безос ќе се рефлектира денеска по завршувањето на берзанските тргувања.
Се соопштува и дека, по растот на акциите на компанијата Tesla неделава, вкупниот имот на сопственикот на оваа команија, Елон Маск, се зголемил за 2,3 милијарди долари.