
На железничка пруга во скопската населба Хиподром било пронајдено тело на машко лице без знаци на живот, кое најверојатно било удрено од воз.
Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 14 часот бил пријавен во СВР Скопје.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Увид извршиле и екипи од СВР Скопје и од „Железници на РСМ“.