Би се преселиле во село во Швајцарија за 70.000 франци?

Младите семејства наскоро би можеле да си го остварат својот сон – да живеат во швајцарски рај и за тоа да добијат 70.000 франци. Условот е да се согласат да живеат барем десетина години во малото живописно швајцарско село Албинен.

Овој колоритен дел на Швајцарија има само 240 жители и огромен проблем како да ги задржи младите семејства, кои масовно се иселуваат. Идната недела, на 30 ноември селото ќе гласа за политика на доселување, односно да им се понудат пари на сите оние што би се доселиле да живеат во него, најмалку една деценија.

Во последните три години од селото се иселиле три семејства, меѓу кои и осум деца, со тоа селското училиште немало за кого да работи, па се затворило. Локалните жители бараат од властите да ги преземат работите во свои раце, па предлагаат да им се дадат пари на сите оние што би сакале да живеат таму. Жителите предлагаат да им се дадат по 20.000 евра на возрасна личност и 9.000 евра за секое дете.

За да се квалификуваат за добивање пари, членовите на семејството мора да бидат помлади од 45 години, но и да се согласат да живеат во селото најмалку 10 години. Недвижностите и земјиштето што ќе ги купат во селото мора да вредат најмалку 170.000 евра и тоа мора да биде постојан дом, а не викендица. Средбата кои ќе им бидат исплатени се  неповратни ако го исполнат договорот. Но, ако го напуштат селото пред договорениот период од 10 години, ќе треба да ги вратат и парите.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе