Биби Рекса: Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сè е моја Албанија

Познатата пејачка Биби Рекса, која по потекло е од Албанија, предизвика бројни реакции со пораката што ја напиша на социјалните мрежи.

Најпрво напиша дека по 12 години го посетила родниот град на татко ѝ, Дебар во Македонија.

„Повторното поврзување со моите корени и семејството беше длабоко емотивно. Посетата на гробот на дедо ми беше особено значајна, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб поради турнејата“, наведе Рекса.

Таа додаде дека семејството ѝ значи сè и дека оваа посета ја потсетила на важноста од одржување на врските.

„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сè е моја Албанија“, напиша таа во коментарот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Многу следбеници ја критикуваа за споменатиот коментар.

„Треба да научиш каде е родната куќа на татко ти и да сфатиш колку е навредливо да се каже дека ова сè е твоја Албанија. Исто така, твојата музика не е добра. Имаше една добра песна одамна. Фотографирање на гроб за Instagram не е убаво, Биби.“ „Дебар е град во Македонија и никогаш нема да биде Албанија! Засрами се!“, „Има толку многу книги за историја и географија што можеш да ги купиш и да ги прочиташ“, се некои од коментарите.

Биби Рекса уште не одговорила на критиките. Таа и претходно истакна дека е горда на своето потекло. Во едно од претходните интервјуа таа се пошегува дека има нешто посебно во албанската вода.

„Ние сме силни и можеме да се соочиме со многу тешкотии. Мајка ми и татко ми работеа напорно и никогаш не ми кажаа дека сме во тешка ситуација“, рече таа.

Биби Рекса на бис доби телефон во глава и заврши на шиење

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Read more

Музика

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Read more

Шакира падна танцувајќи на својот хит

Read more

Која е најчесто користената песна во филмови?

Read more

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Читај повеќе

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз стана Гинисов рекордер со Mission: Impossible 8

Читај повеќе

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Читај повеќе

Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Читај повеќе