Здравје

Бидете чекор пред грипот

12. јануари 2018 - 13:37 | М.Д.

Оваа мала промена го намалува стресот, а го забавува и ширењето на вируси.

Ако делите канцеларија на работа со други колеги, знаете и сами дека ве очекуваат недели полни со ризик од грип и други вируси.

За ширењето на вируси, одговорна е и лошата вентилација на просторот, но некои здравствени проблеми можат да се создадат и поради одредени хемикалии кои се користат во изработка на канцелариски мебел.  

Но, поголемиот дел од овие проблеми можат да бидат решени ако во работниот простор внесете малку зеленило.

Научниците Еди Ван Етен и Пјер Хоровиц кои го проучувале влијанието на работното опкружување на здравјето, велат дека поголемиот дел од луѓето се навикнати на канцелариски услови кои подразбираат многу пластики на сите страни, од маси, до канцелариски столчиња.

Но, ако канцеларискиот простор го опремите со билки, не само што ќе бидете подобро расположени, туку и тие билки ќе го прочистуваат воздухот од отровни хемикалии.

Едно од честите соединенија кое се ослободува од ваквите врсти на мебел е и формалдехид, кој докажано предизвикува проблеми со здравјето.

Лицата кои се чувствителни, можат да имаат иритација на очите, носот и грлото и главоболки.

Најдобро решение за тоа се билки кои имаат поголеми листови, а на секои 2.2 квадратни метра би било добро да поставите по една билка со средна величина.

Коментирај