Негативните мисли можат да го зголемат ризикот од заболувања како што се деменција и Алцхајмер, покажа ново истражување.
Упорното, „опсесивно“ размислување за негативни работи влијае и на складирање штетни протеини во мозокот, што се доведува до поврзаност на појава на Алцхајмер, наведуваат авторите на студија направена од Универзитетот во Лондон.
„Депресијата и анксиозноста во средните години се веќе познат фактор, но сега наидовме на одреден шаблон на размислување кој може да биде притаена причина од која луѓето кои се депресивни или анксиозни почесто заболуваат од Алцхајмер или депресија“, вели д-р Натали Марчант.
Таа вели дека хроничните шаблони на негативни мисли во текот на долг временски период го зголемуваат ризикот од деменција, но подвлекува дека пократките периоди на негативни мисли немаат такот ефект.
„Сакаме да ги поттикнеме луѓето да ги намалат обрасците на негативни мисли и со тоа да го намалат ризикот од болести“, вели таа.
Во студијата, во текот на две години, учествувале повеќе од 350 луѓе постари од 55 години и биле анализирани нивното паметење, распон на внимание, говорот и способноста за снаоѓање во простор.