Софтвер

Бидете внимателни - овие две популарни апликации за средување фотки всушност пласираат реклами

23. септември 2019 - 19:50 | А.С.

Милиони луѓе веќе ги симнаа овие две апликации пред да биде откриено дека се malware (штетен софтвер) за пласирање реклами.

Најмалку 2 милиони луѓе ги инсталираа апликациите Sun Pro Beauty Camera и Funny Sweet Beauty Selfie Camera пред да бидат откриени и Google официјално ги отстрани од Google Play Store.

Овие апликации се malware (штетен софтвер) што пласира реклами и работи во позадина на сите други апликации.

Иконата на оваа апликација се „крие“ зад менито на телефонот дури и откако ќе ја избришете бидејќи е така направена да остане во уредот и да продолжи да пласира реклами.

Како трајно да избришете malware на вашиот смартфон, проверете ТУКА, ТУКА и ТУКА.

Ве советуваме внимателно да ги прочитате условите за кристење и коментарите од корисници пред да инсталирате некоја апликација и да барате апликации со оцена над 3.

Коментирај