Апликацијата Snapchat даде свој придонес за Меѓународниот ден на жената со нов пакет анимирани филтри со познати жени низ историјата.
Приновата нуди филтри со кои им оддава почит на три важни жени низ светската историја: Фирда Кало, Марија Кири и Роза Паркс.
Портпаролот на Snapchat рече дека филтрите ќе бидат активни 24 часа на Денот на жената и дека целта е да им се оддаде почит на жените вклучени во идејата.
Во филтерот со Фрида Кало, на пример, има опција за трансформирање во сликарската икона со цветна круна, црвен кармин и секако, густите споени веѓи.