Свет

Биг Бен по долга пауза повторно ќе одѕвонува во ноември

19. октомври 2017 - 14:38 | К.З.

Откако последниот пат кога се слушна ѕвоното на најпознатиот часовник на светот на 21 август оваа година, Биг Бен повторно ќе се огласи на 9 ноември, два дена пред одбележувањето на Денот на примирјето.

Ѕвоното на Биг Бен се стиши поради реновирањето на кулата Елизабет, а одговорните лица од градот велат дека тој на 9 ноември сепак нема да го покажува точното време, поради паузата од 11 недели.

По одѕвонувањето на 9 ноември, екипата ќе работи на отстранување на „ситните неточности“ за да се осигура дека часовникот е точен за да ѕвони повторно на 11 ноември во 11 часот, кога се одбележува денот на примирјето. Биг Бен ќе одѕвонува и еден ден подоцна, кога се одбележува Денот на сеќавањето.

Освен во ноември, Биг Бен ќе може да биде чуен и за време на Божиќ.

Во моментов кулата се реновира, а тоа ќе го чини градот 29 милиони. Реновирањето ќе трае до 2021 година.

Коментирај