Бил Гејтс донира милијарда долари за нови форми на чиста енергија

Милијардерот и филантроп, Бил Гејтс донираше милијарда долари од својот фонд Breakthrough Energy Ventures за да инвестира во нови облици на чиста енергија, пишува Forbes.

Гејтс собра околу 20 истомисленици инвеститори, за да ја обезбеди инвестицијата за развој на нови технологии во полето на чиста енергија чија цел е борбата против глобалното затоплување.

Спроед проценките на Forbes и на Bloomberg, фондот со Гејтс на чело вреди околу 170 милијарди долари.

BEV ќе финансира нови проекти кои можат да создадат економски одржливи енергетски извори, без емисија на штетни гасови, соопшти фондацијата. Инвестициите ќе бидат во доменот на зелената енергија во повеќе сектори, меѓу кои се сообраќајот, производството на електрична енергија, фабричките активности, градежништвото и земјоделството.

„Ќе бидеме отворени за се што ќе овозможи производство на евтина и чиста енергија“ - изјави Гејтс.

На крајот на 2015 година, администрацијата на претседателот Барак Обама го најави формирањето на ваков фонд, на чело со Гејтс, чија задача ќе биде да претставува еден вид мост за новите компании во секторот на зелената енергија, истражувањата и енергетскиот пазар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе