Бил Гејтс: Можеби нѐ чека уште посмртоносен вирус, треба да се подготвиме

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари во развој на вакцини за да можеме да се подготвиме за следната глобална епидемија.

Гејтс рече дека иако варијантите делта и омикрон се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Financial Times.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust донираа 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (CEPI), која помогна да се формира програмата Covax, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.

Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање на новата вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.

„Кога станува збор за трошење милијарди за да се спасат милијарди во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека тоа е прилично добра полиса за осигурување“, рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, ќе спречи многу полоша штета.

Гејтс рече дека двајцата главни донатори на развојот на вакцините за време на пандемијата на COVID-19, CEPI и американската влада, биле „храбри“ затоа што инвестирале во развојот на потенцијални вакцини.

„На остатокот од светот кој не може да си дозволи такви инвестиции му треба некој на нивна страна. А CEPI е таа организација“, рече Канг.

Џереми Фарар, директор на Wellcome Trust, рече дека CEPI е создаден пред пет години, по епидемијата на ебола.

„Сега живееме, според мене, во ера на почести и сложени епидемии и пандемии“, рече Фарар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе