Бил Гејтс пред пет години предупреди за епидемија како корона вирусот: Светот не е подготвен да се справи со такво нешто

Основачот на компанијата Microsoft, милијардерот Бил Гејтс, во неговиот говор на конференцијата TED во 2015 година предупреди дека светот не е подготвен да се справи со епидемија или пандемија.

„Во 2014 година светот успеа да одбегне ужасна пандемија на ебола, благодарение на илјадници несебични здравствени работници, но, да бидеме искрени, и на огромна среќа. Гледано ретроспективно, знаеме дека можевме да постапиме подобро“, рече тој.

Гејтс тогаш додаде дека мора да се стават сите добри идеи во пракса ако сакаме да бидеме подготвени да се соочиме со следната епидемија или пандемија.

Тој предложи планирање на вакцини и обука за здравствените работници, токму она што најмногу недостига во начинот на кој светот се справува со епидемијата на новиот корона вирус во моментов, особено во Кина, од каде почна ширењето на болеста.

Бил Гејтс пред две години повторно потсети дека државите во светот треба да се подготват за „пандемијата што му претстои на светот, и тоа на ист начин како што би се подготвувале за војна“.

Тој тогаш рече дека смртоносна пандемија ќе ја погоди нашата планета во нареднава деценија и дека смртоносна болест ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за неколку месеци, најмногу шест.

Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнесе во април, 2018 година на научен собир во Масачусетс, а на оваа тема зборувал и претходно, само со помала убеденост во неговите тврдења.

Напоменувајќи дека „обично е оптимист“, Гејтс тогаш рече:

„Има една област во која светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа е подготвеност за избивање на пандемија“, рече тој.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе