Основачот на Microsooft, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус.
Тој ја соопшти веста преку објава на фотографија од вакцинирањето на Twitter.
Гејтс наполни 65 години, и со тоа влезе во оној дел од популација во САД што може да се вакцинира.
„Неделава ја примив првата доза и се чувствувам прекрасно“, истакна милијардерот. Тој им се заблагодари на научниците, волонтерите, регулаторите и здравствените работници од првите борбени линии.
Тој не соопшти каква вакцина примил.