Бил Гејтс: Тешко е да се демантираат теориите на заговор, премногу се глупави

Основачот на Microsoft и филантроп Бил Гејтс ги коментираше теориите на заговор за вакцинирањето поврзани со него и нагласи дека е тешко да се демантираат бидејќи се „премногу глупави“.

Bussines Insider пишува дека станува збор за „теории“ според кои милијардерот стои зад намерата преку вакцини да им се вградат микрочипови за следење на луѓето.

„Никогаш не сум се занимавал со никаков вид на микрочипирање. Речиси е невозможно да се коментираат и демантираат ваквите работи бидејќи се премногу глупави и испревртени“, рече Гејтс.

Тој со години зборуваше за опасностите од пандемии и во 2016 година ги предупредуваше светските лидери, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, советувајќи го да преземе посериозни мерки за подготовка за вакво сценарио.

Една година претходно го одржа познатото излагање на TED Talk во кое предупреди на потенцијално огромниот број жртви во случај на пандемија.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вложи 300 милиони долари во борба против коронавирусот, а за некои десничарски групи тоа беше повод во јануари да почнат да шират дезинформации дека „Бил Гејтс е виновен за создавањето на вирусот и сака да профитира од пандемијата“.

„Добро е да знаеме кои деца се вакцинирани против сипаници, а кои не се. Треба да се направи систем на здравствени податоци за да им се помогне на здравствените работници да утврдат кој е имунизиран. Но, тоа нема никаква врска со микрочипирање. Нашата фондација дава пари за вакцини и токму затоа можевме да го забележиме ризикот од пандемија и да зборуваме за тоа“, нагласи Гејтс.

Како социјалните и мејстрим медиумите придонесуваат за ширење на теориите на заговор?

Сепак, теориите на заговор поврзани со коронавирусот и Бил Гејтс дополнително се раширија „благодарение“ на социјалните медиуми и некои телевизиски станици. Спомнати се 1,2 милиони пати од февруари до април, според податоците кои ги објави New York Times.

Според резултатите од истражувањето што го спроведоа YahooNews и YouGov кон крајот на мај, 28% од анкетираните сметаат дека овие теории на заговор се точни.

Исто така, 44% од републиканците и 50% од луѓето кои гледаат Fox News во САД сметаат дека овие теории на заговор се точни. Од друга страна, 61% од луѓето кои гледаат MSNBC сметаат дека овие теории на заговор е лажни вести.

На прашањето како ги коментира ваквите резултати од истражувањето, Гејтс рече дека тоа „е по малку загрижува“, но додаде дека тоа не ги спречило владите и други групи ширум светот да финансираат истражувања за развој на вакцина против коронавирусот.

Тој изразува загриженост дека кога ќе се добие вакцината против коронавирус, антиваксерите би можело да го отежнат создавањето на „имунитет на стадо“.

Гејтс исто така нагласи дека кога ќе биде направена вакцината треба да им биде првенствено доделена на земјите со послабо развиен здравствен систем и места каде е тешко да се одржува потребната физичка дистанца.

„Светот мора да работи заедно за да се развие сигурна и ефикасна вакцина. Мора да се осигураме дека произведената вакцина ќе стигне прво до оние на кои им е најптребна, а не до оние кои ќе платат најмногу“, порача Гејтс.

„По малку сум изненаден што се толку фокусирани на мене. Ние само саваме пари, го потпишуваме чекот... и да, мислиме на тоа да ги заштитиме децата од болести, но тоа нема врска со чипирање и такви работи. Понекогаш ти доаѓа да се изнасмееш“, изјави Гејтс за BBC.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе