Живот

Бил Гејтс: Трамп побара да му ја објаснам разликата помеѓу ХИВ и ХПВ

18. мај 2018 - 10:54 | М.Д.

„MSNBC“ објави снимка во која Бил Гејтс зборува дека американскиот претседател, Доналд Трамп, побарал од него да му ја објасни разликата помеѓу вирусите ХИВ и ХПВ.

„Сакаше да знае дали постои разлика меѓу ХИВ и ХПВ, па му објаснив дека тие две болести ретко можат да се помешаат“, вели Гејтс во споменатата снимка.

Оваа снимка е направена за време на состанок на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, нешто порано оваа недела.

Гејтс на присутните на состанокот им соопштил дека претседателот на САД го запрашал дали вакцинацијата е навистина нешто лошо, односно дека Трамп изразил желба да формира комисија која би ги истражила резултатите од вакцинациите.

„Не, тоа би било лошо, немојте тоа да го правите“, одговорил Гејтс.

Коментирај