Свет

Бил и Хилари Клинтон под истрага на американското министерство за правда

14. ноември 2017 - 20:37 | М.Д.

Од американското министерство за правда истакнале дека побарале од обвинителот да изврши истрага на хуманитарната фондација на брачниот пар Клинтон, како и на договорот околу продажбата на компанијата Uranium One.

Министерот за правда истакнал дека ќе биде спроведена истрага по одредени прашања во Фондацијата Клинтон и продажба на фирмата Uranium One на Руси.

Uranium One, канадска рударска фирма која поседувала петина од американските резерви со ураниум, во 2010 година беше купена од страна на руската државна компанија Rosatom.

Американското министерство за надворешни работи, под тогашната државна секретарка Хилари Клинтон, помогнало во одобрување на овој договор од 2010 година, заедно со поранешниот претседател Барак Обама.

Републиканците тврдат дека министерството за надворешни работи го одобрило овој договор откако хуманитарната фондација на Бил Клинтон примила донација во износ од 145 милиони долари. 

Коментирај