Били Ајлиш доминираше на Греми наградите

Во Лос Анџелес синоќа беа доделени Греми наградите, а церемонијата помина во знакот на смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант.

Церемонијaта почна со едноминутно молчење за Брајант, а главната програма  ја отворија пејачките Лизо и Алиша Киз кои исто така го споменаа големиот спортист.

Били Ајлиш доминираше со доделувањето на наградите и зема златни грамофони во четири големи категории. Прво со својот брат Финиас О’Конел доби награда Греми за најдобра песна на годината. Тоа е песната „Bad Guy“ која зборува за насилство врз жените и која ја сними со својот брат во нивната семејна куќа.

– Oва е мое прво Греми, не верував дека ова некогаш ќе се случи. Знам дека многу се шегувам, и оти изгледа дека никогаш не сум сериозна, но искрено сакам да кажам дека сум благодарна, рече младата пејачка.

„Bad Guy“ беше прогласена и за најдобра снимка на годината (record of the year), што значи дека освен Били, награда добија и сите други кои учествуваа во создавањето на песната.

Били Ајлиш исто така доби Греми за најдобар нов уметник на годината, за албум на годината за нејзиниот прв албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, кој беше награден и во категоријата поп вокален албум.

Лизо имаше најмногу номинации, а зема три Греми награди. Таа беше номинирана во осум категории, а победи во поп соло настап за изведување на нејзината песна „Truth Hurts“, за традиционален R&B настап, како и за современ албум.

Уште еден тинејџер кој ги одбележа овогодишните Греми награди е рапаерот Lil Nas X. Тој на предцеремонијата освои Греми за најдобар музички спот за песната „Old Town Road“, а потоа и златен грамофон за поп дуо или групен настап, заедно со Били Реј Сајрус. Тој зема награда и за најдобар рап албум.

Кантри пејачката Тања Такер го доби својот прв Греми на 61-годишна возраст, и тоа за најдобар кантри албум „While I’m Livin“ кој воедно е и прв што го сними по повеќе од десет години пауза во својата музичка кариера. Таа исто така доби награда за најдобра кантри песна „Bring My Flowers Now“.

Дуото од филмот „Ѕвездата е родена“ зема Греми за најдобра компилација за визуелни медиуми, односно за песните кои се емитувани во филмот. Лејди Гага и Бредли Купер не се појавија на настанот, па златните грамофони ги земаа нивните соработници, тимот продуценти кои работеа на песните.

Комплетниот список на добитници на наградите може да се прочита на следниот линк

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе