Били Ајлиш одговара на прашања поставени од вештачка интелигенција
Осумнаесетгодишната поп суперѕвезда Били Ајлиш „растури“ на наградите Греми, ја испеа насловната песна за новиот Џејмс Бонд филм и продолжува да освојува обожаватели.
Медиумите се опседнати со неа, па за Ајлиш може да прочитате сѐ и сешто. Токму од пребарувањата за неа на интернет, робот со вештачка интелигенција состави прашања за младата ѕвезда, а таа одговори на нив, во „режија“ на Vogue.