Како личност која е најмногу пребарувана на Google поради стилот се покажа младата пејачка Били Ејлиш.
Младата пејачка ги симна од престолот Меган Маркл, Ријана и Бијонсе. Со нејзините 17 години е номинирана за шест Греми и има освоено две АМА награди. Нижејќи музички успеси таа редовно се појавува во екстравагантни комбинации на црвениот тепих.
Израсната е во Лос Анџелес, во семејство на музичар и актер, а поголем дел од животот го минала скромно. Родителите секогаш ја поттикнувале на креативност.
Со „Don’t Smile at Me“ во 2017 година стана популарна, а со првиот албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ постави рекорди во продажба.