Поп пејачката Аријана Гранде е прогласена за жена на годината од страна на магазинот Billboard.
Музичката индустрија ѝ оддаде почит на 25-годишната пејачка Аријана Гранде. Billboard ја прогласи за жена на годината, а наградата ќе ја прими на 6 декември во Њујорк Сити.
По големиот успех на нејзиниот последен албум „Sweetener“ нејзините хитови беа високо рангирани на листата на Billboard, а се задржаа и како најслушани синглови.
„Аријана е оригинална ѕвезда која не ги следи актуелните трендови и правци во музичката индустрија. Таа стои зад секоја своја одлука во свет кој често не е добронамерен кон младите и силни жени. Таа е храбра и моментално ја создава најдобрата музика во својата кариера. Апсолутно заслужува да биде жена на годината“, вели Рос Скарано од Billboard.