Billboard ја прогласи најдобрата песна на сите времиња

Песната „Blinding Lights“ во изведба на The Weeknd моментално е на врвот на листата на 100 најдобри песни на сите времиња на Billboard.

Музичарот објави видео за оваа песна на почетокот на 2020 година, а досега е прегледано повеќе од 500 милиони пати на YouTube. Само два месеци по објавувањето на песната, таа се најде во Billboard листата на топ 100 песни.

„Мислам дека сè уште не сум ни свесен за ова. Се трудам да не размислувам толку многу за тоа. Само ги ценам вашите благослови и благодарен сум“, изјави The Weeknd за странските медиуми.

Музичарот беше пофален од Монте Липман, извршен директор на Republic Records.

„Уште кога го запознав Абел, ми беше јасно дека тој е предодреден за светска слава. Blinding Lights стана една од оние песни кои допираат до емоциите на луѓето ширум светот“, рече тој.

Remote video URL

На второто место на Billboard листата на топ 100 песни на сите времиња се најде песната „The Twist“ на пејачот Чаби Чекер. Во топ 10 на листата се најдоа и песните „Smooth“ (Santana feat. Rob Thomas), „Mack the Knife“ (Боби Дарин), „Uptown Funk“ (Mark Ronson feat. Bruno Mars), „How Do I Live“ (LeAnn Rimes), „Party Rock Anthem“ (LMFAO со Лорен Бенет и ГунРок), „I Gotta Feeling“ (The Black Eyed Peas), „Macarena“ (Bayside Boys Mix), „Shape of You“ (Ед Ширан).

Кој е The Weeknd?

The Weeknd, чие вистинско име е Абел Маконен Тесфаје, е канадски пејач, текстописец и продуцент. Кариерата ја започна во 2008 година и моментално е еден од најпопуларните и најуспешните артисти.

Во 2013 година го издаде својот прв студиски албум „Kiss Land“. Неговиот втор албум, „Beauty Behind the Madness“, стана неговиот прв албум број еден на Billboard 200 листата.

Во септември 2016 година, тој го издаде својот трет албум „Starboy“, кој го издаде истовремено со објавувањето на синглот „Starboy“, кој исто така достигна број еден на Billboard Hot 100 листата. Во март 2020 година, тој го издаде својот четврти студиски албум „After Hours“.

The Weeknd настапи на Супербоул на почетокот на 2021 година. Во придружба на танчери, тој изведе голем број негови хитови, меѓу кои и песната „Blinding Lights“. Пејачот не сакаше да биде платен од организаторите на Супербоул за неговиот настап и вложил свои седум милиони американски долари во настапот.

„Пејачите се спремни да настапуваат бесплатно, па дури и да ги субвенционираат трошоците за продукцијата преку нивната издавачка куќа или промотор на концерти. Дури и најголемите имиња мора постојано да се промовираат. Шоуто на полувремето на Супербоул е идеална можност за тоа“, рече тогаш Марк Ганис од консултантската фирма Sportscorp, објаснувајќи ја ваквата одлука.

Тагови
реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Музика

Кои музичари останаа најбогати и покрај пандемијата?

Read more

Топ 10 женски групи кои повеќе не постојат

Read more

Billboard ја прогласи најдобрата песна на сите времиња

Read more

Spotify поради Адел ја укина опцијата shuffle за албуми

Read more
 

Сцена

  • filter

Пред Нова година почнува 6. сезона на „Преспав“

Читај повеќе

Кои музичари останаа најбогати и покрај пандемијата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Линдзи Лохан се сврши со банкар од Дубаи

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 филмски интерпретации на принцезата Дијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 женски групи кои повеќе не постојат

Читај повеќе
  • play_arrow

Студент од Северна Кореја осуден на смрт поради криумчарење на серијата „Squid Game“

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлер за новиот филм „American Refugee“

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот документарец за Битлси го демистифицира распаѓањето на Фамозната четворка

Читај повеќе