Чек дис аут

Биопластика од манго и морски алги

19. август 2019 - 10:21 | М.С.

Во потрага по одржливи алтернативни од пластика, 23-годишниот стажист од Институтот за биолошка хемија на Academia Sinica во Тајван пронајде нов биоразградлив материјал.

Денксибел Монтиола направи биопластика користејќи биополимери познати под називот пектин и карагенан кои потекнуваат од алги и кора од манго.

Причината поради која тој ги користи кората од манго и морската трева е затоа што ги има во изобилие.

Оваа биопластика е разградлива во вода, потполно ќе се растопи и нема да се разгради во ситни пластични честички, така што вашиот следен оброк нема да биде пластика.

„Не само што можеме да направиме биопластика од неа, туку и можеме да направиме ткиво кое ја штити изгорената површина на нашата кожа и го прекинува локалното крварење“, објаснува Монтинола.

Коментирај