Бислимоски: Нема да дозволиме зголемување на цената на струјата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски, порачува дека во јуни или јули годинава нема да дозволат зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

– РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми кои ѝ се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимоски за МИА.

Во нашите одлуки за цени, нагласува, влијаеме на крајната цена со 38 проценти, односно само на цената за пренос и за дистрибуција на електрична енергија, а на 52 процента не можеме да влијаеме.

– По започнувањето со либерализацијата на пазарот на електрична енергија од 1 јануари 2019 година, РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ и Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум на тендер ги набавува потребните количини кои сега во најголем дел се однесуваат за домаќинствата. На тој тендер во 2021 година ЕСМ е должна да понуди 70% од потребите на овие потрошувачи. При тоа нема гаранција дека ќе биде откупена таа електрична енергија доколку останатите трговци со електрична енергија понудат пониска цена. На тој дел – набавката на електрична енергија апсолутно не можеме да влијаеме, а тоа е околу 43 до 44 проценти, потенцира Бислимоски.

Исто така, вели, не можеме да влијаеме и на трошокот за обновливи извори.

– Сите фотоволтаици, мали хидроелектрани, биогасни електрани кои се изградија во нашата држава се изградени со таканаречена фидин тарифа и сите тие имаат гаранција дека операторот на пазарот на електрична енергија во период од 15 до 20 години, во зависност од кој тип на обновлив извор станува збор, има обврска да им ја откупи таа електрична енергија по фидин тарифа, односно по гарантира цена. Потоа, целиот трошок за откуп од обновливи извори на енергија се префрла на крајните потрошувачи врз основа на карактеристиките на овие обновливи извори, прецизира Бислимоски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе