Бистрите реки во Алјаска станаа чудно портокалови

Макфакс
/ 04.06.2024 / 10:30

Некои од вообичаено чистите, ледено сини водни патишта на Алјаска станаа светло портокалови. Оваа нова боја е толку интензивна што може да се види од орбитата на Земјата.

„Портокаловите реки се толку големи што можеме да ги видиме од вселената. За да се види нешто такво од орбитата, бојата треба да биде навистина интензивна“, вели еколошкиот токсиколог Брет Пулин од Универзитетот „Дејвис“ во Калифорниј, пренесува Science Alert.

Кога прв пат го забележале проблемот во 2018 година, екологот на Службата за национални паркови Џон О’Донел, Пулин и нивните колеги тргнале да анализираат сателитски снимки и различни извештаи и пронашле повеќе од 75 светлопортокалови потоци во опсегот Брукс на Алјаска.

„На некои места изгледа како да тече млечен сок од портокал. Ваквите потоци може да бидат токсични или да спречат рибите да мигрираат до местата за мрестење“, вели О’Донел.

Remote video URL

Во примероците што ги собрале од обоените потоци помеѓу јуни и септември 2022 година, откриле високи концентрации на железо и други отровни метали, вклучувајќи цинк, бакар, никел и олово. Во некои случаи, овие загадувачи ја зголемија киселоста на водата од вообичаената pH вредност од 8 на 2,3.

PH е степенот на киселост на скала од 0 до 14. Вредноста под 7 означува киселост, а колку е помал бројот, толку е поголем степенот на киселост, што значи дека 0 означува највисок степен на киселост.

„Резултатите укажуваат на истекување од рудник, но нема истек во близина на тие локации“, вели Пулен.

По анализата на сателитските снимки од 1985 до 2022 година, експертите утврдиле дека овој чуден феномен почнал да се случува во текот на последната деценија и се совпаѓа со потоплото време и зголемените врнежи. „Нашата хипотеза е дека поради топењето на вечниот мраз, водата се инфилтрира подлабоко и е во интеракција со минералите заробени илјадници години“, објасни Пулен.

Арктикот се загрева околу четири пати побрзо од остатокот од нашата планета. Дополнителната топлина ја одмрзнува замрзнатата почва, ја зголемува микробната активност и предизвикува формирање на грмушни области. Овие процеси заедно со новоформираните корени ги изложуваат досега недопрените минерали и овозможуваат нивно влевање во басените.

„Се чини дека климатските промени и последователно топење на вечниот мраз се примарните причини за 'загадување' со минерали. Промената на бојата е поврзана со драматично опаѓање на разновидноста на макробез'рбетниците и рибите“, наведуваат научниците.

реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Свет

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Read more

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Read more
 

Вести

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Читај повеќе

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај ветото на Унгарија и Словачка

Читај повеќе

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе