Битиќи на средба со угостителите: Здравјето е најважно, сè друго ќе надоместиме заедно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и соодветна помош од државата, при што нивни претставници се сретнаа со заменик премиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Во разговорот со Битиќи тие посочија дека помошта што ја добиваат од државата не е доволна и дека бараат да им се дозволи работа по протоколи на а-ла-карт рестораните, бидејќи сметаат дека објектите се доволно безбедни за да почнат со работа.

Битиќи, од своја страна, истакна дека мутацијата на британскиот сој на коронавирусот и бројките на заболени лица од COVID-19, во моментов не дозволуваат олабавување на мерките, а главниот збор за тоа го имаат медицинските лица и сè зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.

– Жалам што сте доведени во ситуација да протестирате, но сметам дека сите заедно сме доволно разумни да разбереме дека се бориме против непознат непријател, кој што за тие што не го прележале се надевам дека никогаш нема да го прележат, а тие што се заразиле се надевам дека лесно го пребродиле, истакна Битиќи.

Тој додаде дека тие што биле позитивни на вирусот и потешко го пребродиле вирусот многу е тешко да зборуваат за што било надвор од здравјето.

– Сега ви зборувам како човек, а не како функционер, јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот и денеска пред сè, здравјето на секој еден од вас ми е поважно од последиците што може да ги имаме затоа што тоа ќе го надоместиме заедно. Сите работодавци ќе бидат поддржани и во моментов се поддржуваат со мерки за вие да продолжите со работа, но нема да може да работите, ако за жал вие бидете заразени или сте во здравствена состојба што нема да ви дозволи да го правите тоа, посочи Битиќи.

На прашањето зошто Битиќи предложил законско решение за тие што работат во неформална економија да бидат ставени во формалната економија, тој истакна дека тоа е единствениот начин на кој што државата може да одговори на потребите на тие што се засегнати.

– Сè додека не се дел од институциите и од формалното функционирање во државата, државата не може да ги идентификува, додаде Битиќи.

Перица Голомејиќ од Иницијативен одбор за организирање на протестите истакна дека главната цел на овој состанок е да се пронајде решение за состојбата во која што угостителите и организаторите се наоѓаат речиси една година.

– Средбата помина добро, се договоривме за повторна средба заедно со Државниот пазарен инспекторат, сè со цел да го разгледаме протоколот за да можеме ние да почнеме со работа, согласно сегашните протоколи по кои работат а-ла-карт рестораните, посочи Голомејиќ.

Тој додаде дека генерално се задоволни од првата средба со заменик претседателот Битиќи, а нивното главно барање е да почнат да функционираат како а-ла-карт рестораните и да се тргне Членот 14 – Забрана за организирање прослава.

Според него, прославите ќе бидат организирани со 40 до 50 лица, во зависност од тоа кој каков капацитет има во локалот, согласно протоколите. Голомејиќ истакна дека во првите два месеци ќе работат без музика и дека музиката не е главен проблем, односно почитувањето на протоколите, бидејќи теоријата и праксата не соодејствуваат во моментов.

Угостителите и организаторите на свадби изминативе денови организираа два протести, при што ги блокираа булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска бригада“ и улицата „Интернационални бригади“ со барање да се овозможи соодветен протокол за работа. Тие тогаш најавија дека доколку е потребно секојдневно ќе ги блокираат улиците во Скопје сè додека не бидат исполнети нивните барања. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе