Од полицијата велат дека непознат сторител вчера утрото нападнал битолчанка додека вадела пари од банкомат, ја турнал и ѝ го одзел паричникот во кој имало 5.000 денари, по што избегал.
Битолчанката Д.Ѓ.(41) на вториот кат од Новиот пазар вадела пари од банкомат, а сторителот ѝ пришол од зад грб, ја турнал и од рака и го грабнал паричникот во кој имало 5.000 денари.
Сторителот ги одзел парите, по што паричникот го фрлил и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.