Битолскио Марадона
Гол а-ла Марадона на Мундијалот 1986 падна на дуелот Пелистер - Беса 1976 од денешното 17-то коло во македонската прва лига.
Се играше 15-тата минута во Битола кога Даниел Карчески од лево го бараше Мирко Ивановски во гостинскиот шестнаесетник, а овој со чуден скок во нерешителна ситуација, дали да оди со глава или со нога, на крај топката ја удри со рака и постигна гол. Судиите, на чело со главниот Александар Ставрев, не ја видоа играта со рака и досудија гол, а на гостите од Добри Дол, Гостиварско, им остана само да протестираат.
На крајот голот се покажа одлучувачки бидејќи Пелистер победи и освои 3 бода.