Битолскиот универзитет може да запише 2.935 бруцоши

Битола, 19 јули 2019 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола го објави конкурсот за запишување студенти во прва година за претстојната академска година.

УКЛО-Битола во трите категории за студирање, односно за упис на редовни студенти, редовни студенти со кофинансирање во студирањето и за вонредни студенти нуди 2.935 слободни места.

Најмногу слободни места за упис овозможува Технички факултет-Битола каде во повеќе струки и насоки ќе може да се запишат 505 студени, Факултетот за информатички и комуникациски технологии нуди 400 слободни места, а исто толку студенти во прва година ќе може да се запишат и на Факултетот за безбедност во Скопје.

Од УКЛО-Битола информираат дека 330 индекси може да бидат врачени на студенти кои ќе одлучат да студираат на Економски факултет во Прилеп, 300 бруцоши може да се запишат на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, додека Високата медицинска школа во Битола ќе може да запише максимум 280 студенти.

Според објавениот конкурс, на Правниот факултет со седиште во Кичево ќе може да се запишат 220 студенти, на Педагошкиот факултет во Битола огласени се 215 места, а на Факултетот за биотехнички науки 165 места. Како и минатата академска година, така и оваа најмалку места за упис се нудат за Технолошко-технички факултет со седиште во Велес каде може да се запишат 75 и на Ветеринарен факултет во Битола каде може да се запишат 45 студенти, од нив 30 редовни и 15 вонредни студенти.

Единиците на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола нема да наплаќаат партиципација за  лица без родители помлади од 26-годишна возраст, доколку се невработени,  лица со инвалидност во согласност со уредбата која ја донесува Владата, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца.

Првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ќе се реализра на 29 и 30 август.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе