Бизарен случај: Доктор се потпишувал на органите на пациентите

Реномираниот британски хирург Сајмон Брамхол завчера беше прогласен за виновен по обвинение за физички напад откако беше откриено дека со ласер им ги врежувал своите иницијали на органите на пациенти кои ги оперирал во 2013 година.

Со ласер за спречување на крварењето што се користи за време на операции, Брамхол се потпишувал на органи како црн дроб, слезина и панкреас.

Иако ваквите рани со тек на време зараснуваат, во еден случај црниот дроб не зараснал како што треба. Иницијалите на органот ги открил хирургот кој потоа го оперирал пациентот и тој го пријавил случајот.

Брамхол, кој работел во болницата „Кралица Елизабета“, прво бил суспендиран, а по дисциплинското сослушување во 2014 година дал отказ.

Обвинителот Тони Бадено изјави дека никогаш досега во неговата кариера се нема сретнато со „ваков сложен и необичен случај“, што иако се води под „физички напад“ сепак е „без преседан во кривичниот закон“.

Тој исто така додава дека тоа немало да може да се изведе без знаење на колегите на Брамхол бидејќи тој не бил сам во операционата сала, а потпишувањето иницијали барало концентрација и прецизност во маневрирањето на хируршките инструменти.

Донесувањето на пресудата е закажано за следниот месец.

Еден од поранешните пациенти на Брамхол, 70-годишниот Џеф Хјуз од Хенвик Роуд, пред донесувањето на пресудата изјави дека нема ништо против ваквата постапка на хирургот.

„Кога дознав, првото нешто што ѝ го реков на жена ми, беше: ‘Се надевам дека ми се потпишал и мене.’“

Тој додава дека се чувствува привилегиран што Брамхол му се потпишал на црниот дроб и дека му го должи животот.

„Ми рекоа дека нема да преживеам. Неговата операција ми го спаси животот.“

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе