Чек дис аут

Бизарен светски рекорд: Белгиец седеше на ВЦ шолја скоро пет дена

13. јули 2019 - 16:12 | К.З.

Џими Де Френ, 48-годишен Белгиец кој сонува некогаш да стане возач на автобус, си постави цел да седи на ВЦ шолја поставена во локален бар цел цели 165 часа, јавува Ројтерс.

Тој седеше на ВЦ шолјата скоро пет дена и постави светски рекорд, а се откажа во петокот наутро, по дури 116 часа седење.

„Шегата на своја сметка е најдобриот хумор што постои. Зошто го правам ова? Зошто да не? Ништо не ми се допаѓа повеќе од тоа кога луѓето се смеат на моја сметка, бидејќи тогаш и јас можам да се смеам на нивна сметка“, рече Де Френ.

Барот во Остенде беше отворен за време на обидот за светски рекорд на Џими, што им овозможи на неговите пријатели и роднини да дојдат да го посетат и да поразговараат со него додека тој седеше на ВЦ шолјата.

Иронично, му беа дозволени паузи за одење во тоалет бидејќи ВЦ шолјата на која седеше не беше поврзана со одвод. Седењето сепак се покажа како многу потешка задача отколку што тој првично мислеше.

„Бев изморен и нозете ме болеа, но верувам во мојот успех и ќе се обидам да го официјализирам мојот рекорд“, додаде Де Френ.

Досега не е забележан ниту еден рекорд за најдолго седење на ВЦ шолја, но Де Френ потенцираше дека дознал за некој човек кој успеал да помине 100 часа на ВЦ шолја.

Коментирај